Saturday, November 23, 2013

51. личен р.- Нашите 50 нијанси на сиво



Саундтрак на неделата ми е крцкаво кршење на коцки чоколада и тропање на лажичката во чајот.
:празнење електронски сандчиња црвени магнолии под нозе и празни твитови.
Да знам кои мои песни ви се премногу.
Па да бирам природни мигови за фрлање на зборови.
И потоа викаат љубовта траела 3 години,да само доколку не сте во врска,а каде се паузите.
Во меѓувремено заглавуваме во сивото, и тоа во сите бедни 50 нијанси.
Кратка насмевка. Таков подарок не се завиткува.
Понекогаш се запрашувам дали лошото расположение има вкус на путер.
А насмевките се со вкус на еклери.
Празни твитови и топли души само поради подароци кои не се завиткуваат.
Саундтрак на неделата ми е крцкаво кршење на коцки чоколада и читање на бедните 50 нијанси на сиво.
:А да почнам од почеток со она што сакав да ви го кажам?
:или ме разбравте?